Договор за воена соработка помеѓу Грција и Израел

За време на неодамнешната посета на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос на Израел бил потпишан договор за воена соработка помеѓу двете земји

383358
Договор за воена соработка помеѓу Грција и Израел

Според потпишаниот договор помеѓу Грција и Израел воениот персонал на двете земји ќе може да престојува во овие земји за време на воените маневри и воената соработка.

Грчкото министерство за одбрана соопшти дека договорот за кој станува збор беше потпишан за време на неодамнешната посета на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос на Израел.

Во соопштението беа дадени и информации во врска со средбата помеѓу грчкиот министер за одбрана Панос Каменос и израелскиот министер за одбрана Моше Јалон.

Според тоа, двајцата министри за одбрана освен за прашања во врска со поморската безбедност, разговарале и за безбедноста на енергетските извори во Средоземното Море и соработката во одбранбената индустрија помеѓу двете земји.


Тагови:

Слични вести