Паника во Бугарија поради појава на антракс кај добитокот
Во селото Млада Гвардија близу до Варна бил утврден случај на заразување на добитокот со антракс
Еден селанец се заразил со месо од болна крава и починал.
Името на починатиот не било објавено. Тој ја заклал кравата и заедно со членовите на своето семејство ги изел внатрешните органи а место го продал во Провадја и во Карбонат кај Варна.
Здравствените екипи веднаш тргнаа во акција откога после аутопсијата на починатиот селанец било утврдено постоење на вирус на антракс.
Веднаш биле контролирани сите 20 лица кои купиле месо од починатиот како нивните најблиски со кои биле со контакт.
Околу 105 овци и 27 говеда со сопственост на починатиот биле ставени во карантин.
Министерството за здравство на Бугарија по паниката настаната после објавувањето на веста за смртниот случај поради заразување од антракс соопшти дека биле преземени сите мерки за заштита на населението.