Драган Човиќ, нов привремен претседател на трипартитното претсед

По Човиќ, функцијата привремен претседател на БиХ ќе ја врши бошњачкиот член на претседателството, Бакир Изетбеговиќ

381700
Драган Човиќ, нов привремен претседател на трипартитното претсед

Драган Човиќ, хрватскиот член на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина е новиот привремен претседател кој во претстојните осум месеци ќе ја врши претседателската функција.

Човиќ претседателската функција ја презеде од српскиот член Младен Иваниќ.

Според Уставот на БиХ кој беше изготвен врз основа на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна, Драган Човиќ во претстојните осум месеци ќе ја врши функцијата привремен претседател на БиХ.

По Човиќ, функцијата привремен претседател на БиХ ќе ја врши бошњачкиот член на претседателството, Бакир Изетбеговиќ.

Согласно Уставот на БиХ, бошњачкиот, српскиот и хрватскиот член на трипартитното претседателство на БиХ, функцијата привремен претседател на земјата ја врпшат наизменично на период од 8 месеци во текот на мандатот од 4 години, колку што се избрани.


Тагови:

Слични вести