За грчкиот договор ќе одлучат парламентите на најмалку 8 земји

Третиот пакет за спасување на Грција ќе биде поставен на гласање во парламентите на најмалку 8 земји членки на ЕУ

345052
За грчкиот договор ќе одлучат парламентите на најмалку 8 земји

Парламентите на земјите од ЕУ ќе гласаат за пакетот за спасување на Атина.

Третиот пакет за спасување во однос на кој постигнаа договор лидерите на земјите од еврозоната за спасување на Грција од банкрот и обезбедување оваа земја да остане во еврозоната ќе биде поставен на гласање во најмалку 8 земји членки на ЕУ.

Доколку пакетот биде изгласан во сите парламенти ќе се постигне целосен договор и ЕУ за три години ќе и обезбеди финансиска помош на Грција во износ од 86 милијарди евра.

Овој пакет со финансиска помош за Грција треба да биде одобрен и од страна на парламентот на Германија како земја која е во положба на најголем заемодавец на Грција.

Како што се наведува тоа што некои германски пратеници ја изнесуваат својата вознемиреност во врска со договорот ќе ја стави во тешка положба германската канцеларка Ангела Меркел.

Пакетот за спасување на Грција ќе биде гласан и во парламентите на Финска, Австрија, Естонија, Литванија и Словачка, како и на Франција како земја која и ја дава најголемата поддршка на Грција и технички и помага на оваа земја во подготвувањето на нејзините предлози до меѓународните кредитори.

Во парламентите на земјите членки на ЕУ како што се Белгија, Италија, Шпанија и Португалија пак нема потреба од гласање.


Тагови:

Слични вести