Еврогрупата постигна договор и Грција воздивна со олеснување

Лидерите на земјите од еврозоната донесоа едногласна одлука за доделување на Грција заем во рамките на третата спасувачка програма во износ од 86 милијарди евра

379862
Еврогрупата постигна договор и Грција воздивна со олеснување

Лидерите на земјите од еврогрупата по 17 часовниот самит постигнаа компромис во однос на третиот пакет за спасување на Грција.

Договорот беше постигнат едногласно.

За добивање на третиот пакет за спасување во износ од 86 милијарди евра Грција првенствено се предвидува да реализира мошне сериозни законски реформи.

Во тие рамки Грција прифати да ги зголеми даноците, да ги скрати јавните трошоци и да направи измени во системите за пензионирање и приватизација.

Освен тоа согласно постигнатиот договор станува збор и за пренесување јавните средства на фондот за приватизација во износ од 50 милијарди евра.

Заедно со тоа и контролата на овој фонд ќе биде целосно во рацете на ЕУ.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас истакна дека се водеше макотрпна борба во текот на 6 месеци и дека неговата земја успеа да ја добие финансиската помош која што ќе и овозможи да застане на сопствени нозе.

Подвлекувајќи дека се соочуваат со тешки одлуки, Ципрас нагласи дека товарот што ќе го донесе постигнатиот договор ќе биде споделен на основа на социјалната правда.


Тагови:

Слични вести