Меркел во посета на Србија

Земјите во регионот имаат перспектива за пристапување во ЕУ

339253
Меркел во посета на Србија

Во рамките на турнејата по Балканот, германската канцеларка Ангела Меркел престојуваше во посета на Србија.

Меркел во Белград се состана со претседателот Николиќ и премиерот Вучиќ.

На средбата, освен билатералните односи беа разменети и мислења околу процесот на пристапувањето на Србија во ЕУ.

Меркел рече дека мирот на Западниот Балкан освен тоа што е во интерес на Германија, исто така земјите во регионот имаат перспектива за пристапување во ЕУ.

Ангела Меркел, пред да допатува во посета на Србија, рпестојуваше во посета на Албанија каде што се состана со претседателот Нишани и премиерот Рама.

Во рамките на турнејата по Балканот, канцеларката Ангела Меркел денес попладне престојува во посета на Босна и Херцеговина.


Тагови:

Слични вести