Дополнителен рок за Грција до утре

Лидерите на еврозоната му дадоа дополнителен рок на Ципрас до утре за подготвување нов пообемен предлог кој ќе содржи конкретен реформски план

336680
Дополнителен рок за Грција до утре

Лидерите на земјите од еврозаоната кои по референдумот во Грција одржаа вонреден состанок во Брисел и дадоа дополнителен рок на Грција за доставување конкретен предлог до утре.

Лидерите од еврозоната разгледувајќи го предлогот на грчкиот премиер Алексис Ципрас составен од 47 страници, не ја оценија за доволна содржината на предлогот за „отворање на славините“, бидејќи предлогот на Ципрас беше речиси ист со претходниот.

На Ципрас му беше дадено дополнителен рок до утре за подготвување нов пообемен предлог кој ќе содржи конкретен реформски план.

Лидерите на земјите од еврозоната одлучија последниот состанок да го одржат на 12 јули во недела за изнаоѓање решение за состојбата во која се наоѓа Грција.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во дадената изјава по состанокот рече „оваа недела е последен датум“.

„Банкротот на Грција и пропаѓањето на банките ќе влијае на цела Европа. Да се мисли спротивното ќе треба да се биде наивен“ изјави Туск.
Во меѓувреме, за постигнување компромис со Грција во акција стапија и САД.

Американскиот претседател Барак Обама во остварените телефонски разговори со европските лидери пред самитот го нагласи значењето Грција да остане во еврозоната.

Меѓутоа крилото на чело со Германија инсистира по прашањето Грција да седне на маса со конкретен и обемен план.

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека одржаниот референдум во недела значеше „да или не“ за финансиската програма за спасување на Грција.

Меркел истакна дека не станува збор за бришење на дел од долгот на Грција.

Италијанскиот премиер Матео Рензи пак изрази надеж дека во недела ќе се одржи последниот состанок со Грција“.

Од друга страна грчкиот премиер Алексис Ципрас нагласи дека го доставија својот предлог и дека се има за цел до крајот на неделата да се постигне соодветен договор.


Тагови:

Слични вести