Во Сребреница заедно ќе бидат погребани посмртните остатоци на т

До денес се утврдени идентитетите на околу 6 илјади жртви на масакрот

334768
Во Сребреница заедно ќе бидат погребани посмртните остатоци на т

На 20-та годишнина од масакрот во Сребреница заедно ќе бидат погребани посмртните остатоци на три генерации.

Во рамките на комеморацијата што ќе се одржи на 20-та годишнина од масакрот во Сребреница, кој важи за едена од најголемите човечки трагедии по Втората светска војна во Европа, истовремено ќе бидат погребани посмртните остатоци на 136 жртви чии идентитети беа утврдени.

Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина соопшти дека согласно активностите за утврдување на идентитетите, биле утврдени семејствата на машките жртви.

На комеморацијата и погребот во Поточари во близината на Сребреница истовремено ќе бидат погребани трите генерации, татко, син и внук на две семејства кои беа убиени во масакрот.

Најстарите посмртни остатоци меѓу последните жртви припаѓаат на 75 годишниот Јусуф Смајловиќ.

Годинава меѓу жртвите на масакрот во Босна се наоѓаат и посмртните остатоци на 8 шеснаесетгодишни млади.

Во институтот и натаму продолжуваат активностите за утврдување на идентитетите на жртвите на геноцидот.

До денес се утврдени идентитетите на околу 6 илјади жртви на масакрот.

Сеуште не се точно утврдени идентитетите на 550 жртви.


Тагови:

Слични вести