„Не" на референдумот во Грција

Од Западна Тракија, каде што претежно живеат Турците, 567 насто од населението гласаше против условите на ЕУ

333544
„Не" на референдумот во Грција

Според неофицијални резултати, на вчерашниот историски референдум во Грција, граѓаните гласаа против условите на ЕУ.

60 насто од гласачите гласаа против политиките за стегање на ременот кои ги поставија кредиторите со цел повторно да се обезбеди тек на готовина.

65 насто од регистрираните 9 милиони 855 илјади гласачи на вчерашниот референдум гласаа против планот за спасување на ЕУ и ММФ.

Од Западна Тракија, каде што претежно живеат Турците, 567 насто од населението гласаше против условите на ЕУ.

По објавувањето на неофицијалните резултати, граѓаните кои гласаа против излегоа на улиците и се радуваа на резултатите.

Премиерот Алексис Ципрас кој пред гласањето на референдумот упати повик до граѓаните да гласаат против, по објавувањето на неофицијалните резултати рече дека истите претставуваат јасен доказ дека не може да се врши уцена на демократијата.

Грчкиот народ не гласаше против ЕУ, туку против планот за спасување, рече Ципрас. Со доверителите ќе продолжиме да преговараме не за олеснување на исплатата на долгот, туку изнаоѓање праведно решение.

По објавувањето на неофицијалните резултати, лидерот на главната опозициона партија Нова Демократија, Андонис Самарас поднесе оставка од претседателската функција.

Германскиот и францускиот лидер кои одржаа телефонски разговор во врска со резултатите од референдумот во Грција, останатите лидери на земјите членки на еврозоната ги повикаа на итен состанок во вторник.

Двајцата лидери денес ќе се состанат во Парис и на средбата ќе разменат сеопфатни мислења околу резултатите од референдумот.

Европската комисија соопшти дека ќе ги почитува резултатите на референдумот според кои Грција ги одби условите на доверителите.


Тагови:

Слични вести