Соопштение од ММФ во врска со Грција

Грција во претстојните три години ќе има потреба од финансирање од 50 милијарди евра

330991
Соопштение од ММФ во врска со Грција

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека Грција за да може долгот да го трансформира во одржлив, што поскоро треба да започне со спроведувањето на потребните реформи, поради што на европските земји кои што им обезбедија кредити на Грција им препорача ратите на кредитите да ги пролонгираат на период од 20 години.

Според извештајот на ММФ, Грција во претстојните три години ќе има потреба од финансирање од 50 милијарди евра, од кои 36 милијарди ќе бидат дополнителни извори.

Намалувањето или неспроведувањето на предвидените реформи во финансискиот пакет ќе предизвика бришење на дел од долговите на земјата.

Во извештајот меѓудругото се истакнува дека како последица на политиките во последниот период, високиот износ на долговите прераснаа во неодржлива состојба.

ММФ соопшти дека извештајот беше изготвен пред 30 јуни, рокот на исплатата на траншата и пред да започне контролата на капиталот.

Грција, траншата на долгот во износ од 1,5 милијарда евра не можеше да ја исплати по 7 пат, поради што падна во позиција на задоцнето плаќање и беше прва развиена земја која не можеше да ги исплати долговите.


Тагови:

Слични вести