Повик за поддршка на Владата во Грција

Граѓаните на Грција се загрижени од неизвесноста во земјата

330161
Повик за поддршка на Владата во Грција

Расте напнатоста во Грција која влезе во фаза на банкрот и се наоѓа на прагот на референдумот.

Околу 5 илјади лица кои го подржуваат ставот на грчката влада на референдумот и преговорите, се собраа пред зградата на парламентот во Атина и одржаа демонстрации.

Демонстрантите го изнесуваат тврдењето дека доверителите вршат притисок граѓаните да гласаат „за“ на референдумот, поради што упатија повик да гласаат „против“.

Демонстрантите на демонстрациите потенцираа дека доверителите, иднината на земјата сакаат да ја стават под хипотека.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, покрај изјавите со кои се обидува да ја смири јавноста, во земјата преовладува голема загриженост.

Граѓаните на Грција се загрижени од неизвесноста во земјата, особено по фактот дека банките беа затворени во текот на целата недела и од банкоматите можеа да подигнат дневно само по 60 евра.

Грците, во недела ќе гласаат за или против предлогот и условите на доверителите за повторно обезбедување на готовински средства.


Тагови:

Слични вести