Ципрас повика на негативен исход од референдумот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го повика народот да се изјасни против на референдумот што ќе се одржи во недела

328914
Ципрас повика на негативен исход од референдумот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека за тешката состојба до која дојде поради затворањето на банките во земјата се одговорни Европејците.

Тврдејќи дека кредиторите вршат притисок врз грчкиот народ за добивање позитивен исход од референдумот, Ципрас го повика народот да се изјасни против на референдумот што ќе се одржи во недела.

Ципрас во своето обраќање до народот преку телевизијата истакна дека и други земји во Европа досега одржаа референдум, но дека кога е во прашање Грција се применуваат различни стандарди.

Велејќи дека за затворањето на банките во земјата се одговорни Европејците, Ципрас рече: „Ставот на Европејците е неприфатлив. Банките ги затворија поради тоа што владата му даде право на глас на народот. Не му признаа време на грчкиот народ.“

Грчкиот премиер истакна дека Грција сеуште се наоѓа на преговарачката маса и додаде дека доколку во недела се добие негативен исход од референдумот не значи дека ќе бидат раскинати врските со Европа, туку напротив тоа ќе значи враќање на Грција кон европските вредности.

Грчките граѓани во недела ќе гласаат за или против условите кои што ги поставуваат кредиторите пред Грција за возврат на што повторно ќе биде ослободена финансиската помош за ова земја.


Тагови:

Слични вести