ЕУ нема да го продолжи пакетот за спасување на Грција

Тројката не го прифати последниот предлог на грчкиот премиер Алексис Ципрас

322557
ЕУ нема да го продолжи пакетот за спасување на Грција

Европската унија нема да го продолжи пакетот за спасување на Грција

Изјавата во врска со тоа ја даде претседателот на еврогрупата Јерон Дајселблум.

Грчката влада, барањето на доверителите за извршување на реформите наспроти долговите ги оцени за уцена и ултиматум, поради што притисна на копчето за одржување референдум. Наспроти тоа пак одговорот на Брисел беше доста остар.

Во соопштението објавено од Брисел беше истакнато дека привршуваат преговорите за изнаоѓање решение на должничка криза која трае 5 месеци. За возврат на одлуката на Атина за одржување референдум, од Брисел почна да дува студен ветар.

На вонредниот состанок на министрите за финансии и економија на земјите членки на еврозоната и меѓународните установи кои и дадоа долг на Грција се очекуваше да се изнајде решение.

Но ненадејниот потфат на Атина ги промени рамнотежите.

Грчката влада сеуште очекува еластичен приод од Тројката составена од Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна Банка и Европската комисија.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис по одвојувањето од состанокот, не ги затвори сите врати и остави подотворена порта за пазарување.
Брисел на ставот на Грција смета како на тактика за одложување и пролонгирање на преговорите, поради што веќе не сака пазарување.

Тројката не го прифати последниот предлог на грчкиот премиер Алексис Ципрас поради што ја повтори настојчивоста за реформи во работниот однос, поголеми одбивања во пензинерскиот систем и јавните потрошувачки.


Тагови:

Слични вести