Во понеделник лидерите на ЕУ ќе се состанат на вонреден состанок

Само во последните три дена Грците од банките подигнаа над 3 милијарди евра

311840
Во понеделник лидерите на ЕУ ќе се состанат на вонреден состанок

Во понеделник лидерите на ЕУ ќе се состанат на вонреден состанок на кој ќе ја разгледаат состојбата на Грција.

Расте загриженоста дека ќе се конфискуваат сметките во грчките банки.

По тој повод граѓаните формираа големи редици пред народните банки.

Само во последните три дена Грците од банките подигнаа над 3 милијарди евра.

Европската централна банка со цел да ја покаже својата поддршка грчките банки за кои сака да бидат отворени, лимитот на долговите на Грчката централна банка го зголеми за 3 милијарди 300 илјади евра.

Не само граѓаните кои имаат пари во банките, туку и пензионерите во Грција се загрижени од последните случувања во земјата.

Имено пензионерите чии плати во последните 4 години просечно се намалија за 27 насто, стравуваат дека под притисокот на меѓународните кредитори Владата на Ципрас ќе биде принудена да направи отстапки.

Вниманието на јавноста во Грција се насочи кон претстојниот вонреден состанок на лидерите на ЕУ.

Министерот за надворешни работи на Грција Алекос Флабурарис рече дека на преговорите ќе излезат со нови предлози, но не даде детали во врска со предлозите.

Грчкиот премиер Ципрас рече дека сето она што го доживуваат и низ што поминуваат не е само проблем на Грција, туку истовремено и проблем на цела Европа. Евентуалното излегување на Грција од еврозоната ќе претставува крај на еврото.

Меѓу информациите што се објавуваат и пристигнуваат се најавува дека постои можност на почетокот на идната недела да започнат нови преговори меѓу Грција од едната и ММФ и ЕУ од друга страна.


Тагови:

Слични вести