Без решение за кризата на средбите во Брисел

На разговорите учествуваше и американскиот амбасадор во Скопје

302441
Без решение за кризата на средбите во Брисел

Продолжуваат напорите за изнаоѓање решение на политичката криза во Македонија.

Без решение на состанокот меѓу лидерите на Владата и опозицијата со претставниците на ЕУ во Брисел.

Во Брисел се состанаа Јоханес Хан, членот на Еврокомисијата за соседски политики и проширување, македонскиот премиер Никола Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев.

На преговорите учествуваше и американскиот амбасадор во Скопје.

Во соопштението што беше објавено по состанокот, беше истакнато дека разговорите поминаа поволно но дека сеуште не е пронајдено решение.

Хан во изјавата преку социјалните медиуми ги обвини лидерите за неодговорност и дека чувствува разочарување.

Опозицијата ја обвинува Владата за вршење притисок врз правосудството и медиумите.


Тагови:

Слични вести