Акинџи и Анастасиадис уште еднаш се состанаа на една социјална м

На младите генерации треба да им дадеме поголема шанса за да живеат во мир, просперитет и подобри услови

298050
Акинџи и Анастасиадис уште еднаш се состанаа на една социјална м

Продолжуваат преговорите за изнаоѓање трајно мировно решение на Кипарското прашање.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на Кипарско грчкиот дел Никос Анастасиадис уште еднаш се состанаа на една социјална манифестација.

Лидерите се состанаа во Лимасол каде што заедно ја гледаа претставата што чија изведба беше организирана од страна на општината Лефкоша (Никозија) и интересирањето на медиумите и граѓаните беше големо.

По театарската претстава чија содржина беше посветена на пресметките со последните 60 години на кипар, искреноста на лидерите при објавувањето и упатувањето на мировните пораки на заедничката прес конференција привлече големо внимание.

Претседателот на ТРСК Мустафа Акинџи рече дека постои надеж за изнаоѓање трајно и мировно решение, поради што треба многу да работиме за да не ја изгубиме надежта.

Лидерот на Кипарско грчкиот дел Никос Анастасиадис пак рече дека заедно со пријателот Мустафа ќе работиме многу за изнаоѓање и воспоставување траен мир. На младите генерации треба да им дадеме поголема шанса за да живеат во мир, просперитет и подобри услови.

Двајцата лидери на слична социјална манифестација ќе учествуваат и на северниот дел на Кипар.


Тагови:

Слични вести