Грција би можела да го отплати долгот кон ММФ во јуни

Ова го соопшти фондот кој додава дека пристигнало известување од Атина дека во јуни би можеле да бидат платени ратите од долгот

293323
Грција би можела да го отплати долгот кон ММФ во јуни

Портпарол на ММФ Џери Рајс соопшти дека крајниот рок за плаќање на ратите е 30 јуни.

Инаку со одлука на ММФ од 1970 година задолжените земји можат во текот на еден ист месец да платат рати од неколку заостанати долгови.

Атина имаше соопштено дека нема да ја плати првата рата од долгот во висина од 300 милиони евра под изговор дека нема доволно финансиски средства.

Инаку Грција во јуни треба да плати вкупно 6,7 милијарди евра од кои 1,5 милијарди на ММФ и 5,2 милијарди евра на Европската унија.


Тагови:

Слични вести