Владата на Грција бара решение на економските проблеми

Единствениот вистински предлог на масата беше изнесен од страна на Грција

292823
Владата на Грција бара решение на економските проблеми

По објавувањето на незадоволството од страна на Европа во врска со последниот план на Грција за реформите, грчкиот премиер Ципрас замина за Брисел.

Ципрас во Брисел одржа средби со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и претседателот на еврозоната и холандски министер за финансии Жером Дијселблом и изрази надеж од разговорите.

Ципрас рече дека се блиску до постигнување компромис во врска со финансиските цели и дека во претстојните неколку денови очекуваат да постигнат договор со кредиторите.

Единствениот вистински предлог на масата беше изнесен од страна на Грција, рече Ципрас и посочи дека некои предлози нема да ги земат за основа на преговорите и дека не треба да има загриженост во околу отплаќањето на долгот кон ММФ.

Во соопштението објавено од страна на Европската комисија беше истакнато дека средбата помина добро и конструктивно. Беше постигната согласност во врска со меѓусебните позиции во однос на различните предлози. Постигнавме компромис за повторно состанување. Ќе продолжиме интензивно да работиме.


Тагови:

Слични вести