Бакир Изетбегович нов претседател на СДА

Бакир Изетбегович со 590 освоени гласа стана нов претседател на Партијата за Демократска Акција (СДА)

291347
Бакир Изетбегович нов претседател на СДА

Бошњачкиот член на тројното претседателство на Босна и Херцеговина Бакир Изетбегович избран за нов претседател на Партијата за Демократска Акција (СДА).
Вчера во Сараево се одржа Конгрес на Партијата за Демократска Акција (СДА) која беше формирана на 26 Мај 1990-та година од страна на првиот претседател на Босна и Херцеговина покојниот Алија Изетбегович.
За претседател на СДА, во положба на најголема политичка партија која ги претставува Бошњаците во земјата се натпреваруваа тројца кандидати, и тоа Бакир Изетбегович, Шемсудин Мехмедович и Ирфан Ајанович.
На Конгресот гласаа вкупно 755 делегати, додека Бакир Изетбегович освои 590 гласа и извојувајќи убедлива победа стана трет претседател на Партијата за Демократска Акција (СДА).
Бакир Изетбегович од 2003-та година наваму ја извршуваше функцијата потпретседател на СДА.


Тагови:

Слични вести