Зираат Банката го зголемува бројот на филијалите во БиХ

Зираат Банката е прва странска банка во Босна и Херцеговина со странски капитал

286132
Зираат Банката го зголемува бројот на филијалите во БиХ

Турската Зираат Банка која во Босна и Херцеговина влезе пред 20 години се стреми од сегашната петта позиција да се искачи на третата позиција во оваа балканска држава.

Зираат Банката е прва странска банка во Босна и Херцеговина со странски капитал и од 1996 година функционира во оваа земја. Од 1997 година банката фактични започна да функционира со отворање на првата филијала во Сараево и таа е прва банка во Босна и Херцеговина која издаде кредитни картички, која постави автомати и која отвори прва трговска филијала.

Само во последните 3 години Зираат Банката отвори 8 нови филијали со што бројот на нејзините филијали се покачи на 28. Оваа банка според активниот раст е деветта а според кредитите осма банка во БиХ.

До септември годинава банката ќе се пресели во новите простории. Освен тоа до крајот на годинава планира да отвори уште три нови филијали во три босански града.


Тагови:

Слични вести