Црна Гора денес го слави Денот на независноста

Создадени сите предуслови за изградба на Црна Гора според сопствените развојни специфичности во согласност со европските стандарди за 21 век

283304
Црна Гора денес го слави Денот на независноста

На референдумот на 21 мај 2006 година 55,5 насто од граѓаните на оваа најмала балканска државичка се изјаснија за независност.

Црна Гора ја прогласи својата независност на 3 јуни истата 2006 година. На 28 јуни истата година стана 192 членка на Обединетите Нации, а на 11 мај следната 2007 година членка на Советот на Европа.

Премиерот на Црно Гора Мило Ѓукановиќ вчера на свечениот прием по повод одбележувањето на празникот на независноста рече дека со стекнатата независност и со меѓународното признавање на Црна Гора се создадени сите предуслови за изградба на Црна Гора според мерките и потребите на граѓаните, во духот на сопствените развојни специфичности во согласност со европските стандарди за 21 век.



Тагови:

Слични вести