Белград, пожар во зградата до Парламентот на Србија

Денес во попладневните часови изби пожар во зградата на Косовска улица во центарот на Белград близу до зградата на Парламентот

282405
Белград, пожар во зградата до Парламентот на Србија

Покривот на зградата бил целосно уништен од пожарот а едно лице било префрлено во болница поради гушење од чадот.

Пожарникарите на местото на настанот стигнале околу 11 часот и 30 минути. Пожарот бил локализиран а во гаснењето учествувале околу триесетина пожарникари.

Во Косовска улица се наоѓаат голем број полицајци кои го обезбедуваат местото на избивањето на пожарот како и неколку возила на итна помош.

Станарите на зградата во која што изби пожарот биле веднаш евакуирани во паркот во близината и чекаат пожарот да биде потполно угаснат за да можат безбедно да се вратат во своите домови.

Против пожарните екипи и понатаму со шмркови за вода го гаснат пожарот во зградата.


Тагови:

Слични вести