Демонстрантите фрлаа со јајца на државните институции во Скопје

Демонстрантите што синоќа се собраа во Скопје пред зградите на институциите фрлаа со јајца и извикуваа „владата да поднесе оставка “

265327
Демонстрантите фрлаа со јајца на државните институции во Скопје

Демонстрантите што синоќа се собраа во Скопје пред зградите на институциите фрлаа со јајца и извикуваа „владата да поднесе оставка “ „ако нема правда нема ниту мир“ , „стоп за полициската бруталност“.
Група демонстранти од понежниот пол им понуди цвеќиња на силите на безбедност додека во исто време една друга група фрлаше со јајца на зградите на државните институции.

Протестите траеја околу три часа по што демонстрантите се разотидоа без инциденти.

Протестите почнаа во Скопје, вчера се проширија во Прилеп и Битола, а за вечерва се најавуваат и во Куманово, Струмица и Кавадарци. Протестите против полициската бруталност, што започнаа по откривањето на вистината за криењето на убиството на Мартин Нешкоски и повикот за оставки на надлежните, се шират низ цела Македонија.

Една поголема група и денес се собра пред зградата на владата но не можеа да се приближат повеќе бидејќи полицијата постави барикади на сите страни околу објектот.

Поводот за протестите беше објавувањето на снимките од тајните телефонски разговори во кои наводно врвните функционери на македонската влада говорат за убиството на младиот Нешковски кого го усмртил полицаец во 2011 година. Тајните снимки ги објави лидерот на опозиционата СДСМ Зоран Заев.

Мартин Нешковски бил убиен од страна на припадник на специјалната полиција Игор Спасов кој беше казнет со 14 години затвор. Опозицијата ја обвинува власта за тоа дека ја прикриле одговорноста на Министерството за внатрешни работи со тврдење дека Спасов го извршил убиството во време кога не бил на службена должност.
(АА)


Тагови:

Слични вести