Претседателот Мустафа Акинџи допатува во посета на Турција

Ова е прва надворешна посета на Акинџи по изборот за претседател на северно кипарската држава

263596
Претседателот Мустафа Акинџи допатува во посета на Турција

Претседателот на Турската Република Северен Кипар Мустафа Акинџи допатува во посета на Турција. Ова е прва надворешна посета на Акинџи по изборот за претседател на северно кипарската држава.

Претседателот Мустафа Акинџи на аеродромот во Анкара беше пречекан од страна на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Претседателот Акинџи првата средба во Анкара ќе ја реализира со премиерот Ахмет Давутоглу а потоа и со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателот Мустафа Акинџи ке положи венец на мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк Аниткабир во Анкара.

Претседателот Ердоган ќе приреди државна церемонија за пречекот на претседателот Акинџи.

После средбата зад затворени врати и официјалните разговори претседателите Ердоган и Акинџи ќе приредат конференција за печатот.

Претседателот Ердоган вечерва ќе приреди свечена вечера во чест на високиот гостин од Северен Кипар претседателот Мустафа Акинџи.


Тагови:

Слични вести