Марш за поддршка на бегалците во Грција

Демонстрантите бараа да се расформира Агенцијата за заштита на границите Фронтекс на ЕУ

247618
Марш за поддршка на бегалците во Грција

Во период кога на вонредниот самит на Еу во Брисел се бара решение за бегалците, во Грција се одржа марш за поддршка на бегалците.

Демонстрантите демонстрираа пред канцелариите на ЕУ во Атина и носеа транспаренти и извикуваа слогани против расизмот и фашизмот.

Демонстрантите бараа да се расформира Агенцијата за заштита на границите Фронтекс на ЕУ.

Демонстрантите посочуваа дека не може да се биде индиферентен наспроти жртвите кои ги загубија животите во Средоземното море и бараа на бегалците да им се даде право на азил.

На демонстрациите беше упатен повик за затворање на бегалските кампови во Грција.


Тагови:

Слични вести