23-ти април свечено се слави во БиХ

Манифестацијата се реализира под покровителство на Амбасадата на РТ во Сараево и Културниот центар Јунус Емре

247336
23-ти април свечено се слави во БиХ

Најголемата организација по повод свеченото одбележување на 23-ти април, Празникот на националната сувереност и Меѓународен фестивал на детето надвор од земјава се одржува во БиХ.

На свечената манифестација во Зеница учествуваат околу 6 илјади деца.

Улиците на градот се украсени со турски и босански знамиња.

Манифестацијата се реализира под покровителство на Амбасадата на РТ во Сараево и Културниот центар Јунус Емре.

Манифестацијата започна во 14 часот и децата кои учат во училиштата во Босна и Херцеговина приредуваат различни свечености.

Во рамките на програмата, освен пораките на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, ќе се емитува и видео пораката на турскиот фудбалер Арда Туран кој игра во Атлетико Мадрид.

Манифестацијата по повод свеченото одбележување на 23 април во Зеница се емитува во живо од страна на ТРТ Аваз.

 


Тагови:

Слични вести