23-ти април свечено ќе се прослави во БиХ

Улиците во Зеница се украсени со турски и босански знамиња

246457
23-ти април свечено ќе се прослави во БиХ

Најголемата манифестација по повод 23-ти април, Празникот на националниот суверенитет и Меѓународен фестивал на детето надвор од земјата ќе се одржи во Босна и Херцеговина.

По повод свеченото одбележување во Зеница што ќе се одржи со учество на околу 6 илјади деца, улиците на градот беа украсени со турски и босански знамиња.

Манифестацијата ќе се реализира под покровителство на Амбасадата на РТ во Сараево и Културниот центар Јунус Емре, а исто така се подржува и од страна на Турскиот претставнички совет.

Манифестацијата ќе започне во 14 часот и децата кои учат во училиштата во Босна и Херцеговина ќе приредат различни свечености.

Во пакетите кои ќе им се поделат на децата беа ставени голем број раскази од Омер Сејфеттин и списанија на ТРТ како и ниа други подароци.

Во рамките на програмата, освен пораките на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, ќе се емитува и видео пораката на турскиот фудбалер Арда Туран кој игра во Атлетико Мадрид.

Одбележувањето на 23 април во последните 4 години се одржуваше во Сараево.

Утрешната манифестација по повод свеченото одбележување на 23 април во Зеница ќе се емитува во живо од страна на ТРТ Аваз.


Тагови:

Слични вести