Собир на турските општини во Травник

Градоначалниците од 25 општини разменија мислења за заедничките проекти и за активностите на Унијата на градоначалниците

233677
Собир на турските општини во Травник

Во Травник Босна и Херцеговина се собраа градоначалници од 25 турски општини.

Собирот се одржа во организација на Светската Унија на турските општини. Унијата има за цел да ги унапредува братските и пријателски односи меѓу турските општини од целиот свет.

На собирот во Травник градоначалниците од 25 општини разменија мислења за заедничките проекти и за активностите на Унијата на градоначалниците.

Инаку Светската унија на турските општини е основана во 2003 година и во истата членуваат околу 1100 членови од 27 земји во кои што се говори турскиот јазик и каде постојат турски општини.


Тагови:

Слични вести