Грција ќе го отплати долгот кон ММФ

Во Вашингтон се состанаа директорот на ММФ Кристин Лагард и министерот за финансии на Грција Јанис Варуфакис

227180
Грција ќе го отплати долгот кон ММФ

ММФ соопшти дека Грција ќе го отплати долгот чиј краен рок истекува на 9 ти април.

Во Вашингтон се состанаа директорот на ММФ Кристин Лагард и министерот за финансии на Грција Јанис Варуфакис. На состанокот беше разгледана новата реформска програма на владата на Грција.

Лагард после состанокот изјави дека на состанокот било констатирано дека ефективната соработка ќе биде во корист и на двете страни и дека неизвесноста не и оди во прилог на Грција.

Варуфакис извести дека неговата земја ќе го отплати долгот кон кредиторите чиј краен рок истекува на 9 април. Тоа значи дека Грција во четврток ќе го отплати долгот од 450 милиони евра кон кредиторите.

Министерот Варуфакис денес ќе се состане со раководители на американскиот трезор.



Тагови:

Слични вести