Српскиот воен злосторник Душко Дабетиќ фатен во Анталија
По завршувањето на правосудната постапка, Дабетиќ ќе биде екстрадиран на Босна и Херцеговина
Српскиот воен злосторник кој се бара со црвена потерница фатен во Анталија
64 годишниот Душко Дабетиќ кој од страна на Интерпол се бара со црвена потерница, на аеродромот во Антаија беше фатен со фалсификувани лични документи.
Според информациите, случајот беше обелоденет по рутинската контрола на личната карта и пасошот на едно лице, односно утврдувањето на фалсификуваните документи на лицето кое сакаше да премине низ аеродромот во Анталија во ноември.
По истражувањето, беше утврдено дека лицето кое употреби фалсификувано документи за премин беше воениот злосторник Душко Дабетиќ.
Воениот злосторник Дабетиќ беше уапсен во хотелот каде што беше сместен и изнесен пред суд, од каде беше префрлен во затворот од Л категорија во Анталија.
По завршувањето на правосудната постапка, Дабетиќ ќе биде екстрадиран на Босна и Херцеговина каде што ќе ја издржи казната.
На веб страницата на барани на Интерпол на интернет се наоѓа и името на Дабетиќ кој се бара поради воено и злосторство над цивилите.
Имено во војната од 1992 до 1995 година во Босна и Херцеговина, односно во геноцидот што беше извршен од страна на Србите врз невините Бошњаци, пред вниманието на целиот свет загинаа 312 илјади невини лица.