ТИКА излезе во пресрет на историскиот мост

Мостот на Дрина ќе се реставрира од страна на Турската агенција за координација и соработка ТИКА

ТИКА излезе во пресрет на историскиот мост

Мостот на Дрина во Босна кој 436 години продолжува да егзистира и сведочи за историјата на Балканот, ќе се реставрира од страна на Турската агенција за координација и соработка ТИКА.

Реставрацијата на историскиотМост на Дрина кој беше изграден во Вишеград во Босна и Херцеговина од страна на познатиот османлиски архитект Мимар Синан по нарачка на Мехмед Паша Соколовиќ во 1577 година, се планира да заврши до крајот на годинава. Реставрацијата ќе биде реализирана од страна на Турската агенција за координација и соработка ТИКА.

Во Сараево беше одржан состанок меѓу Комисијата на Босна и Херцеговина за заштита на националните споменици и Турската агенција за координација и соработка ТИКА посветен на реставрацијата на Мостот на Дрина (Мостот на Мехмет Паша Соколовиќ).

Цената на реставрацијата на проектот изнесува околу 5 милиони евра и тендерот беше одржан пред 3 години. Изведувач на работите на историскиот мост ќе биде компанијата ЕР-БУ која претходно ги реставрираше Стариот камен мост во Мостар и Мостот во Коњиц.

Реставрацијата на стариот камен мост кој 436 години егзистира и во 2007 година од страна на УНЕСКО беше вброен на Листата на светското нематеријално културно богатство се планира да заврши кон крајот на годинава.


Тагови:

Слични вести