"Мајките на Сребреница" не и веруваат на Србија

Фактот што Србија од една страна го негира геноцидот во Сребреница а од друга апси 8 лица за истиот геноцид е доволен доказ за нејзината дволичност

"Мајките на Сребреница" не и веруваат на Србија

20 години после геноцидот на Муслиманите во Сребреница Србија за прв пат го изврши првото апсење на осомничени за геноцидот.

Српското јавно обвинителство уапси 8 лица за кои постоело сомневање за вмешаност во масакрот на Муслиманите во Кравица кај Сребреница.

Сепак и покрај тоа има сомневања за тоа дали уапсените ќе ги добијат казните што ги заслужуваат.

Потпретседателската на здружението „Мајките на Сребреница “ Зумра Шехомеровиќ изјави за Турската радио и телевизија ТРТ дека радува фактот што Србија издаде налог за апсење на осомничените лица за масакрот и геноцидот во Сребреница пред 20 години, но додаде дека не им веруваа на Србија и на српските судови.

Фактот што Србија од една страна го негира геноцидот во Сребреница а од друга апси 8 лица за истиот геноцид е доволен доказ за нејзината дволичност. Србија досега никого не осуди поради геноцид, додаде Шахомеровиќ.


Тагови:

Слични вести