Павлопулос свечено ја положи заклетвата

Павлопулос беше избран за 7 претседател на Грција со гласовите на 233 пратеници

263880
Павлопулос свечено ја положи заклетвата

Новиот грчки претседател Прокопис Павлопулос свечено ја положи заклетвата и започна со должноста.

Павлопулосзаклетвата ја положи со верска литургија и по положувањето венец на Споменикот на незнајниот војник, ја презеде претседателската функција од претседателот Карлос Папуљас.

На претседателските избори што се одржаа на 18 февруари 2015 година во Грчкиот парламент од 300 пратеници, Павлопулос беше избран за 7 претседател на Грција со гласовите на 233 пратеници.

Мандатот на Павлопулос ќе трае 5 години.

Павлопулос со политика почна да се бави во 2000 година под кровот на политичката партија Нова демократија. На последните парламентарни избори не се кандидираше за пратеник.

Во периодот на Владата на Костас Караманлис, Павлопулос беше министер за внатрешни работи.


Тагови:

Слични вести