Балканот под влијание на ладен воздушен бран

Едно лице загинало од лизгање на земјиштето предизвикано од силните врнежи од снег во Босна и Херцеговина

252026
Балканот под влијание на ладен воздушен бран

Силните и обилни врнежи од снег предизвикуваат излевање на реките од коритата и одрони на земјиште.

Северозападните предели на земјата се најмногу погодени од влажниот и снежен бран кој што скоро да го парализира животот.

Слично невреме владее и во соседна Хрватска.

На приморјето дува засилена бура која предизвикува високи бранови. Силната бура откорна неколку дрвја и електрични бандери и повреди десетина лица.

Бродскиот сообраќај е во прекин така што неколку острови во Јадранското море се отсечени од копното.

 


Тагови:

Слични вести