Условен договор за Грција
Министрите за финансии на еврозоната и Грција се договорија за предлог договор за продолжување на финансиската помош на Атина
Предлог договорот треба да биде претставен на состанокот на сите министри за финансии на еврозоната. Брисел бара од Грција да достави список со сите реформи кои планира да ги реализира.
Грчкиот министер за финансии Јанис Варофакис изјави дека договорот овозможува еластичност на буџетскиот суфицит што ќе значи спас од политиките на стегање на ременот.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шаубле се закани дека се додека успешно не се реализира финансиската програма, на Грција нема да и се плати ништо.
Грција за возврат на 4 месечно пролонгирање на реализацијата на финансиската програма најдоцна до понеделник ќе треба да го достави списокот со реформи до тројката.
Со предлог договорот Грција воедно се спаси од проблемот на обезбедување свежи пари.
Слични вести
