Првата жена претседател на Хрватска свечено ја положи заклетвата

Китаровиќ рече дека ќе биде претседателка на сите граѓани н Хрватска

219866
Првата жена претседател на Хрватска свечено ја положи заклетвата

Првата жена претседател во Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ вчера свечено ја положи заклетвата.

По победата во вториот круг на претседателските избори на 11 јануари на кои освои 51 насто од гласовите, Китаровиќ во Загреб свечено ја положи заклетвата.
Во говорот што го одржа на свеченото полагање на заклетвата Китаровиќ рече дека ќе биде претседателка на сите граѓани на Хрватска без оглед на нивната идеологија, етничко или верско потекло.
Во врска со надворешната политика на Хрватска во претстојниот период, Китаровиќ рече дека ќе продолжат со соработката со ЕУ, НАТО и соседните земји како и поддршката на земјите од Југоисточна Европа за пристапување во ЕУ.
По потпишувањето на заклетвата, на Китаровиќ и беше предаден „претседателскиот појас“.
На свеченото положување на заклетвата на Китаровиќ учествуваа 9 шефови на држави и еден премиер.
46 годишната Китаровиќ на 19 февруари официјално ќе започне со функцијата која ќе ја продолжи до 2020 година.


Тагови:

Слични вести