Околу 10 милиони Грци на 25 јануари ќе излезат на гласање

Кандидатите Турци од Родопите и од Ксанти ги истакнаа своите кандидатури на листите на неколку политички партии

191767
 Околу 10 милиони Грци на 25 јануари ќе излезат на гласање

На 25 јануари во недела во Грција ќе се одржат предвремени парламентарни избори заради избор на новите пратеници во парламентот со 300 пратенички места.

Турското малцинство во Западна Тракија кое во актуелниот состав на парламентот е претставено со тројца пратеници планира да го зголеми бројот на пратениците од своите редови.

Предвремените парламентарни избори во Грција се одржуваат во период кога се дискутира за потребата од стегање на ремените и за иднината на земјава во еврозоната.

Турското малцинство кое претежно живее во Западна Тракија од изборите очекува да ги реши сопствените проблеми како што се проблемите поврзани со идентитетот, образованието, самостоен избор на муфтија и други.

Кандидатите Турци од Родопите и од Ксанти ги истакнаа своите кандидатури на листите на неколку политички партии.

Во Западна Тракија според најновите евиденции живеат 150 000 Турци од кои над 100 000 се регистрирани на изборните списоци.


Тагови:

Слични вести