Колинда Грабар-Китаровиќ прва жена претседател на Хрватска

Хрватска ќе го добие заслуженото место во ЕУ и во НАТО и ќе ги реши напластените проблеми со соседите вети Китаровиќ во победоноскиот говор

182309
Колинда Грабар-Китаровиќ прва жена претседател на Хрватска

На вториот круг на претседателските избори што вчера се одржаа во Хрватска победи кандидатот на конзервативната партија Колинда Грабар-Китаровиќосвојувајќи 54 насто од гласовите на избирачите.
Кандидатот на владеачката Социјал Демократска Партија Иво Јосиповиќосвои 49,9 насто од гласовите на хрватските избирачи.

Вториот круг на гласањето помина во неизвесност се до последниот час до објавувањето на конечните изборни резултати.

Во говорот после тесната победа Китаровиќ им се заблагодари на сите кои и дадоа доверба на изборите и повика на единство велејќи дека само со заеднички напори ќе ја спасат Хрватска од кризата во која што се наоѓа.

Апсолутно нема да се толерираат митото и корупцијата, додаде новата претседателка на Хрватска.
Китаровиќ исто така рече дека Хрватска ќе го добие заслуженото место во ЕУ и во НАТО и дека ќе ги реши напластените проблеми со соседите.


Тагови:

Слични вести