Уапсен Христодулос Ксирос член на „17 ноември"

Ксирос меѓу другото се обвинува и за убиство на двајца турски дипломати во 1991 година

173579
Уапсен Христодулос Ксирос член на „17 ноември"

Грчката полиција го уапси Христодулос Ксирос обвинет за најмалку 23 убиства и член на радикалната марксистичка организација „17 ноември“.

Ксирос меѓу другото се обвинува и за убиство на двајца турски дипломати во 1991 година и е познат како најважен извршител на убиствата и атентатите на „17 ноември“.

Грчката полиција скоро една година трагаше по Ксирос кој во меѓувреме ја сменил бојата на косата од црна во светла.

Во куќата во која што се криел Ксирос полицијата пронајде 9 калашникови, 3 пиштоли, 2 рачни бомби, големи количини експлозив и муниција.

Ксирос избега од затворот минатиот јануари после добиената дозвола од затворската управа за посета на своето семејство.


Тагови:

Слични вести