Свинскиот грип одзеде живот на Косово

Едно лице инфицирано со вирус на свински грип починало во главниот град Приштина

171703
Свинскиот грип одзеде живот на Косово

Како што соопшти Институтот за јавно здравје 57 годишниот пациент заразен со вирус на свински грип кој пред два дена бил префрлен во клиничкиот центар на Приштинскиот универзитет и покрај сите интервенции на лекарите починал.

Во соопштението на институтот се истакнува дека лицето со симптоми на гушење и висока температура било префрлено во клиниката и на анализите било утврдено постоење на вирусот A/H1N1 поинаку познат како свински грип.

Во истото соопштение се потсетува дека во 2014 година во Косово биле тестирани 7 204 пациенти и дека само кај тројцата од нив резултатот бил позитивен.


Тагови:

Слични вести