Едно лице загинало во лизгање на земјиштето во БиХ

7 куќи во населбата Баре биле оштетени во синоќешното лизгање на земјиштето во Какањ

173629
Едно лице загинало во лизгање на земјиштето во БиХ

38 годишна жена останала под урнатините на својата куќа во моментот на лизгање на земјиштето во Какањ во Босна и Херцеговина.

Министерството за внатрешни работи на Зеничански-добојскиот кантон соопшти дека до лизгање на земјиштето дошло во доцните часови синоќа во населбата Баре кај Какањ. Тројца биле спасени од наносот на земјиште додека една жена загинала. Од спасените двете биле деца а еден возрасен.

Спасените лица веднаш биле префрлени во градската болница.

Инаку 7 куќи во населбата Баре биле оштетени во синоќешното лизгање на земјиштето во Какањ, соопштил Нурудин Хрусто шеф одделението за цивилна заштита на општина Какањ.


Тагови:

Слични вести