Мевлуд-и шериф со голема радост беше одбележан и на Балканот

На програмата во џамијата Хаџи Балабан во Скопје, на која се читаа Куран и илахии, учествуваа голем број муслимани

169742
Мевлуд-и шериф со голема радост беше одбележан и на Балканот

Муслиманите во Србија и Македонија учествуваа на манифестациите Мевлуд-и шериф што беа одржани по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на Хазрети Мухамед.

Муслиманите во Белград, по повод Мевлуд-и шериф се собраа во џамијата Бајракли, единствена во Белград. Во рамките на програмата по повод мевлудот се читаа илахии, Куран, а на ваазот (проповедта) што се одржа во џамијата се раскажуваше за раѓањето на Хазрети Мухамед и неговиот живот.
По повод одбележувањето на Мевлуд-и шериф во Македонија, граѓаните од муслиманска вероисповест се собраа во џамиите и одржаа програми на кои се читаа илахии и Куран. По јација намазот во скопската џамија Хаџи Балабан, на програмата на која се читаа Куран и илахии, учествуваа голем број муслимани.
Центар на одбележувањето на годишнината од смртта на Хазрети Мухамед во Босна и Херцеговина денес ќе биде историската Гази Хусрев-беговата џамија. На манифестацијата ќе учествуваат и гости и учесници од Турција.


Тагови:

Слични вести