Во Грција се одржува третиот круг на претседателските избори

Димас ќе биде избран доколку во третиот круг на гласањето добие најмалку 180 гласа

163845
Во Грција се одржува третиот круг на претседателските избори

Единствениот кандидат за иден претседател на Грција Ставрос Димас инаку предложен од страна на Нова Демократија и ПАСОК во првите два круга не обезбеди доволно гласови за избор на претседател.

Димас ќе биде избран доколку во третиот круг на гласањето добие најмалку 180 гласа од вкупно 300 пратеници колку што ги има во грчкиот парламент.

Според грчкиот устав доколку и по трите круга на гласање кои се одржуваат по паузи од по 5 дена не се избере претседател на државата, парламентот се распушта во следните 10 дена и се прогласуваат предвремени избори.

Ставрос Димас на вториот круг на гласањето што се одржа на 23 декември доби 168 гласа за, а 131 пратеник гласаа воздржано.

 


Тагови:

Слични вести