Продолжува развојот на односите меѓу Турција и Косово

Турција е првата земја со најмногу директни инвестиции на Косово

162338
Продолжува развојот на односите меѓу Турција и Косово

Односите меѓу Турција и Косово кои се засноваат на заедничко историско минато и пријателство, продолжуваат да се равиваат на повисоко ниво.

Амбасадорката на РТ во Приштина, Сонѓул Озан рече дека во 2015 година ќе продолжат меѓусебните посети на високо политичко ниво за унапредување и развој на односите на повисоко ниво.
Во интервјуто за ТРТ, амбасадорката на РТ во Приштина Сонѓул Озан се осврна на заедничкото минато и силнитепријателски односи меѓу Турција и Косово како и унапредувањето на односите.
Турција од економски план во 2013 и 2014 година се најде на прво место на земјите кои најмногу директно инвестираа во Косово, подвлече амбасадорката Озан и додаде дека годинава ќе продолжат со исто темпо.
Амбасадорката Озан меѓудругото додаде дека ќе продолжат со активностите за унапредување и развој на односите и во 2015 година и во тие рамки ќе продолжат меѓусебните посети на највисоко политичко ниво.


Тагови:

Слични вести