Давутоглу учествуваше на одбележувањето на празникот „Ден на образование на турски јазик"

Со енергетскиот трансфер, Турција ќе стане значаен и привлечен центар во регионот

158031
Давутоглу учествуваше на одбележувањето на празникот „Ден на образование на турски јазик"

Давутоглу учествуваше на свеченото одбележување на празникот „Ден на образование на турски јазик“

Вчера премиерот Ахмет Давутоглу во Скопје одржа низа значајни средби.
Давутоглу на средбите размени мислења во врска со можностите за унапредување и развој на соработката на повисоко ниво.
Премиерот Давутоглу во Скопје на утрински појадок се состана со претставниците на Турската и македонска стопанска комора.
Нивото на економските односи и сиработка меѓу двете земји треба да се искачи на нивото на политичките и културни односи, рече премиерот Давутоглу.
Нешто потоа премиерот Давутоглу се состана со македонскиот премиер Никола Груевски со кого одржа тет-а тет средба а нешто потоа претседаваа со разговорите меѓу делегациите на двете земји.
На заедничката прес конференција по средбите, премиерот давутоглу направи проценка на последните случувања во врска со процесот за изнаоѓање решение во борбата против тероризмот.
Давутоглу изрази надеж и верување за постигнување поволен развој на случувањата во најкраток временски период и подвлече дека процесот треба да напредува цврсто во рамките на неговата природа.
Сметам дека средбите во врска со процесот не треба да се разговараат пред јавноста, рече премиерот Давутоглу.
Премиерот Давутоглу вио попладневните часови ги посети Турската чаршија и Мурат-пашината џамија, а во вечерните часови беше примен и од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Во говорот што го одржа на амбасадорската конференција, премиерот Давутоглу рече дека со енергетскиот трансфер, Турција ќе стане значаен и привлечен центар во регионот.
Како што според една поговорка „Сите патишта водат кон Рим“, така и сета енергија ќе се пренесува преку Турција.
Премиерот Давутоглу учествуваше и на свеченото одбележување на празникот „Ден на образование на турски јазик“ во Македонија кој што се слави од 2007 година наваму. Во говорот што го одржа во оваа прилика премиерот Давутоглу рече: продолжете да го чувате своето постоење на овие територии како претставници на една чесна нација и рамноправни граѓани на Македонија. Бидете убедени дека ја имате поддршката на македонската влада која има почит кон сите култури и религии, Република Турција и 77 милиони турски граѓани.


Тагови:

Слични вести