Давутоглу престојува во официјална посета на Македонија

Давутоглу ќе учествува на свеченото одбележување на празникот Ден на образование на турски јазик

156744
Давутоглу престојува во официјална посета на Македонија

Премиерот Ахмет Давутоглу престојува во официјална посета на Македонија

Во рамките на дводневната посета, премиерот Давутоглу ќе учествува на свеченото одбележување на празникот „Ден на образование на турски јазик“ што ќе се одржи во Скопје.
Премиерот Давутоглу на аеродромот во Скопје беше пречекан од страна на делегација предводена од потпретседателот на македонската влада Владимир Пешевски и други министри меѓу кои се наоѓаше и министерот од турско потекло Фуркан Чако.
Премиерот Давутоглу во посета на Македонија замина со сопругата Саре Давутоглу, а беше придружуван од страна на потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш, министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекчи и министерот за здравство Мехмет Муезиноглу.
Во рамките на посетата на Скопје, премиерот Давутоглу ќе се состане со македонскиот премиер Никола Груевски.
Премиерот Давутоглу ќе биде примен и од страна на претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов.
Давутоглу ќе учествува на свеченото одбележување на празникот „Ден на образование на турски јазик“ што се слави од 2007 година наваму.
Во рамките на манифестацијата, премиерот Давутоглу ќе се состане со сонародниците во Македонија.


Тагови:

Слични вести