Жестоки предизборни дискусии во Грција

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер предизвика бран дискусии во Грција

148108
Жестоки предизборни дискусии во Грција

Јункер во врска со прашањето за предвремени избори во Грција изјави за еден австриски телевизиски канал дека Грците би требало да се сосема свесни за фактот какво значење за земјата и за еврозоната би имал погрешниот изборен резултат. Јункер додаде дека не би било добро за Грција на кормилото на државата да застанат крајните сили, туку дека ги преферира старите пријатели.

Инаку деновиве во очи 17 декември за кога се предвидени предвремените претседателски избори во Грција, се водат жестоки дискусии меѓи владата и опозиционата Сириза.

Претседателот на Сириза Алексис Ципрас се закани дека било каква надворешна интервенција во врска со предвремените претседателски избори ќе има ефект на бумеранг и го обвини премиерот Андонис Самарас дека со надворешна поддршка шири страв во земјата. Предвремените претседателски избори според Ципрас се последните трзаји на власта а премиерот Самарас прави се за да остане на власта.

 


Тагови:

Слични вести