Кадри Вејсели претседател на косовскиот парламент

Вејсели доби 71 глас За од вкупно присутните 113 пратеници

141889
Кадри Вејсели претседател на косовскиот парламент

Кадри Вејсели кандидат Демократската Партија на Косово за претседател на парламентот на Косово е избран на оваа функција.

Изборот на Вејсели за претседател на парламентот уследи откога Демократската Партија на Косово и Косовската

Демократска унија се договорија околу составувањето на новата коалициона влада. Вејсели доби 71 глас За од вкупно присутните 113 пратеници .

За негови заменици беа избрани Џавит Халити, Сабри Хамити, Глауф Коњуфца, Јасмина Живковиќ и Дуда Баље.

По изборот новиот претседател на парламентот Кадри Вејсели им се обрати на пратениците. Вејсели се заблагодари на укажаната чести вети дека косовското собрание нема да биде место на лоши изрази и методи туку на центар на компромиси.



Тагови:

Слични вести