Грчки воен авион падна во Средоземното море

Пилотот успеал да се спаси скокајќи со падобран

138057
Грчки воен авион падна во Средоземното море

Авионот од типот Ф-16 во сопственост на грчката армија падна кај островот Крит .

Пред да падне авионот извидувал над грчкиот остров Гавдос на околу 15 миљи јужно од Крит.

Причина за несреќата била хаваријата на моторот на авионот.

Пилотот успеал да се спаси скокајќи со падобран. Спасувачките екипи веднаш го пронашле пилотот кој итно бил префрлен во најблиската болница.

Грчките информативни портали соопштија дека авионот паднал 15 минути после полетувањето од воениот аеродром Ханја.



Тагови:

Слични вести