Вицепремиерот Нуман Куртулмуш во посета на Македонија

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш акцентот го стави на толеранцијата на османлиските власти на Балканот

151444
Вицепремиерот Нуман Куртулмуш во посета на Македонија

Првиот ден од посетата на Македонија Куртулмуш беше примен од претседателот Ѓорѓе Иванов. Во разговорот беа разменети мислења за билатералната соработка , за активностите на ТИКА во Македонија како и за придонесот на Македонија во проектот Сојуз на Цивилизациите.

Вицепремиерот Нуман Куртулмуш потоа замина во посета на турските села во Источна Македонија каде беше информиран за активностите на ТИКА во овие села. Претседателот Иванов и Куртулмуш на свечен начин отворија објект изграден со средства на ТИКА.

Во свечениот говор потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш акцентот го стави на толеранцијата на османлиските власти на Балканот. Тој рече дека турскиот и македонскиот народ ќе се залагаат за мир како во регионот така и во светот, дека разликите не треба да бидат причина за поделби и судири туку дека тие се културно богатство и треба да се сфатат и афирмираат како делови од една заедничка култура.

Претседателот Ѓорѓе Иванов во изјавата која по тој повод ја даде за Турската Радио и Телевизија рече дека очекува нови проекти во Македонија од ТИКА. Иванов додаде : за секаква пофалба се проектите кои што ги изгради ТИКА во Македонија во регионите каде живеат Турците. Тоа не значи само подобрување на инфраструктурата во овие области туку потврда на постојните добри односи меѓу Македонија и Турција. Очекуваме и понатаму да се реализираат нови проекти од ТИКА независно дали се мали и големи.

Вицепремиерот Нуман Куртулмуш нешто потоа отпатува за селото Чаликли кај Валандово каде на свечен начин го отвори основното училиште во ова село изградено со средства на ТИКА.

Во вечерните часови Куртулмуш се врати во Скопје. Во Скопје Куртулмуш ја посети Исламската Верска Заедница.

 


Тагови:

Слични вести